Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржана Експертска мисија за Потрошувачка (конзумација) на храна

01.02.2021
Одржана Експертска мисија за Потрошувачка (конзумација) на храна

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 20-22 јануари 2021 година по пат на видео-теле конференција се одржа Експертска мисија за Потрошувачка (конзумација) на храна со која претседаваше Г-ѓа Светлана Томеска Мицкова- Раководител на сектор за ЕУ и меѓународна соработка, а како експерти  од ЕУ  учествуваа Г-ѓа Дарја Соколиќ, генерален менаџер и советник за безбедност на храна од Центарот за безбедност на храна- Хрватска. На самата експертска мисија освен учесници од АХВ, присуствуваа и вработени во Институтот за јавно здравје на РСМ.

Целта на оваа експертска мисија е да се обезбеди експертиза за системот за управување со дигитални податоци за потрошувачката на храна во согласност со методологијата на EFSA's EU MENU. Вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје ќе добијат поддршка за софтверот Diet Assess & Plan (DAP), што се користи за прибирање и проценка на податоци за внес на храна. Оваа нутриционистичка алатка овозможува обемно оценување на исхраната и последователно планирање засновано врз проценката на внесот на храна и препораките за хранливите материи. ДАП е развиен во согласност со упатствата на ЕФСА за методологијата на менито на ЕУ и претставува важна инфраструктура за истражување за нутриционистичката епидемиологија и истражување на јавната здравствена исхрана.

Ознаки
Категорија