Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржана експертска мисија за собирање на податоци во однос на ЕФСА

14.11.2019
Одржана експертска мисија за собирање на податоци во однос на ЕФСА

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 11-13 ноември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за собирање на податоци во однос на ЕФСА (European Food Safety Authority)  со која претседаваше Г-ѓа Светлана томеска Мицкова, а како експерти  од ЕУ  учествуваа Milo Bystricky, Senior state counselor, Ministry of agriculture and rural development- Slovak Republic, Valentina Bocca, Data Steward- EFSA and Tatjana Ribakova, Senior expert, Food and veterinary service- Latvia. Учесници на овој настан беа и членовите на мрежите и дата провајдерите.


Целта на оваа експертска мисија е да обезбеди експертиза преку трансфер на знаења и искуства, а со цел зглоемување на ефикасноста при собирање на податоци, анализа на податоци и процена на ризик, да се хармонизираат и насочат соодветните извештаи со ЕФСА барањата, да се зголеми координацијата на активностите помеѓу најразлични засегнати страни (лаборатории и надлежни органи).

 

Одржана експертска мисија за собирање на податоци во однос на ЕФСА

 

Експертската мисија ги обработи следните теми:

  • ЕУ легислатива поврзана со ВМП, пестициди, контаминенти и адитиви, како и нејзина практична имплементација на национално ниво;
  • Хармонизиран прирачник за хемиско известување;
  • Вовед во Standard Sample Description (SSD2) data model elements ве делот на известување за ВМП и пестициди;
  • ЕФСА каталози и пребарувач;
  • FoodEX2 coding, за опис на храна, храна за животни и мостри од животни;
  • Вовед во ексел алатката, и останати функции;
  • Поднесување на податоци, валидација на извештаи и дозвола за внесување во ЕФСА дата базата;
  • Практични вежби за користење на алатката за мапирање за ВМП, пестициди, контаминенти и адитиви;
  • ЕУ легислатива во однос на зоонози и антимикробна резистентност;
  • Моментална состојба со зоонози и антимикробна резистентност во ЕУ;
  • Моментална состојба со зоонози и антимикробна резистентност во РСМ;
  • Вовед во известувањето- службеник за известување, снабдувачи со податоци, временски рамки и систем на известување;
  • Акционен план на ЕК во однос на справување со зголемените закани од АМР;
  • AMR data reporting and ESBL data reporting;
  • Прирачници/речници за податоци за извештаи во однос на зоонози, АМР и појава на алиментарни заболувања и сл. 


 

Ознаки
Категорија