Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 23-24 септември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода со која претседаваше прим. д-р Ленче Јовановска, а како експерти од ЕУ учествуваа Г-ѓа Ilona Drulyte од Литванија и Г-дин Evangelius Mourelatos од Грција.
Целта на оваа експертска мисија е да обезбеди експертиза за усогласеност на националното законодавство со европското законодавство за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода.
Експертската мисија има за цел успешно да се пренесе знаење и да се разменат искуства во примената на следните директиви и регулативи во земјите-членки на ЕУ:
- Директива 2009/54/ ЕК на Европскиот парламент и на советот, за експлоатација и продажба на природни минерални води;
- Директива (ЕК) бр. 40/2003 од 16 мај 2003 г. за утврдување на листата, концентрационите лимити и барањата за етикетирање на состојките на природната минерална вода и условите за употреба на озон-збогатен воздух за третман на природни минерални води и изворски води;
- Регулатива (ЕК) бр. 115/2010 од 9 февруари 2010 година за утврдување на условите за употреба на активен алуминиум за отстранување на флуор од природни минерални и изворски води.