Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
АХВ донесе Решение за безбедносни мерки во однос на болеста Чума кај малите преживари
Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради неповолната епидемиолошка состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест.
Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од болеста Чума кај малите преживари
Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата со болеста Чума кај малите преживари (Peste des Pestitis Ruminants) која е потврдена во регионов. Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, на сила се решенијата за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи и нус производи од животинско потекло од регионите каде е потврдена болеста
Потенцијално небезбедните коцки за супа не се пуштени во промет, целокупното количество складирано во магацинот на увозникот
Во врска со шпекулациите објавени на социјалните мрежи дека на пазарот се продаваат небезбедни производи, утврдено е дека целокупното увезено количество од производите со посочените серии и рокови на употреба не е пуштено во промет, односно, потенцијално небезбедните производи се наоѓаат во магацинот на увозникот.