Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај 1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани.
По Штип и Скопје, трибина за чума кај малите преживари се одржа и во Прилеп
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Прилеп одржа работен состанок за превенција од болеста чума кај малите преживари, конкретно кај козите и овците, со претставници од инспекциските служби, Дирекцијата за заштита и спасување, локалната заедница, стопанските субјекти и претставници од граничната полиција.
Примена на вештачката интелигенција (ВИ) во безбедност на храната
Во организација на ФАО на 6 ноември 2024 година ќе се одржи технички семинар на тема „Вештачка интелигенција (ВИ) за безбедност на храната“. Настанот што ќе се одржи во хибриден формат има за цел да ја истражи моменталната состојба на технологијата што брзо се развива, нејзините придобивки и недостатоци.