TAIEX е инструмент за техничка помош и размена на информации управувани од страна на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија. TAIEX ги поддржува земјите-партнери во однос на приближувањето, примената и спроведувањето на законодавството на ЕУ. TAIEX поставува високи критериуми и дава поддршка при спроведување на соодветна стручност, со цел решавање на проблеми за краток временски период.
Корисници на TAIEX се земјите кои се подобни за користење на ИПА - претпристапната помош, односно земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати за членство во ЕУ, како и земјите опфатени со инструментот за Европско соседство и партнерство ( ENPI), Русија и Турската Кипарска заедница.
За TAIEX поддршка можат да аплицираат следните кориснички групи: министерствата, владините тела, регулаторните тела, националните парламенти, судството. Во исклучителни случаи, ако имаат јасна улога во спроведувањето на законодавството на ЕУ, кориснички групи се и социјалните партнери и професионалните здруженија.
Формите на поддршка кои може да се добијат од TAIEX :
- работилници со еден или повеќе корисници;
- експертски мисии и
- студиски посети.
Логистички аранжмани кои TAIEX ги покрива поврзани со обезбедување на поддршката:
За работилниците: хотел и патни трошоци за експертите од ЕУ, изнајмување на сала за одржување на работилницата, вклучувајќи ја и потребната опрема (ИТ опрема, опрема за превод и др.), како и трошоци за кетеринг (ручек, кафе паузи).
За студиските посети: ограничување на максимум 3 учесници за престој, со времетраење од 2 до 5 дена максимум, трошоците за лет, сместување и дневници за учесниците.
За Експертските мисии: престој на ЕУ експертот со времетраење од максимум 5 дена, трошоците за лет, сместување и дневниците за експерт од Земјите членки на ЕУ.
За повеќе информации може да го искористите следниот линк: http://ec.europa.eu/enlargement/taiex/index_en.htm
- Најава на настани