Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Безбедност и квалитет на храна од животинско потекло

ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА БЕЗБЕДНОСТ И КВАЛИТЕТ НА ХРАНА ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО

  • Извршува работи од областа на безбедноста и квалитет на храната од животинско потекло
  • Учествува во планирање и креирање на политиките и програмите од областа на безбедноста и квалитетот на храната од животинско потекло
  • Учествува во изготвување на прописи од областа на ветеринарното јавно здравство
  • Спроведува Годишен план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло
  • Спроведува Годишен план за мониторинг на антимикробна отпорност
  • Учествува во стручни комисии и работни групи од областа на ветеринарното јавно здравство
  • Спроведува постапка на одобрување за производство, обработка  и манипулација со храна од животинско потекло
  • Врши регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна од животинско потекло
  • Изработува акти во управна постапка од прв степен
  • Спроведува активности за утврдување на исполнетоста на барањата за безбедност на храната и ветеринарното здравство  на операторите со храна и објекти за производство, обработка, манипулација и извоз на храна од животинско потекло
  • Води регистри на објектите и оператори со храна од животинско потекло
  • Учествува во развој и одржување на информатичките системи и другите бази на податоци од областа на ветеринарното јавно здравство
  • Изготвува процедури, упатства, водичи, брошури и друга стручни материјали од областа на ветеринарното јавно здравство