Антимикробната отпорност предизвикува се поголема загриженост. Во последниве години, меѓународната заедница презеде важни обврски за справување со оваа глобална здравствена закана. Една од нив е постепено укинување на употребата на антимикробни средства за промовирање на растот кај здрави животни. Време е да преминете од посветеност на акција.
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
OIE Соопштенија
Согласно последниот извештај на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) забележан е ветувачки тренд во трката за борба против антимикробната отпорност и зачувување на ефикасноста на овие критични лекови.
Под мотото ,,Нула смртни случаи од беснило до 2030,, и “Беснилото завршува овде, со тебе” и годинава Агенцијата за храна и ветеринарство се вклучува во глобалната кампањата за одбележување на 28 септември - Светски ден за борба против беснило...
Како дел од многубројните настани кои се организираат со цел одбележување на Светскот ден против беснило- 28 септември, на глобално ниво, Регионалното претставништво на ОИЕ за Европа организира вебинар
Од 18 до 24 ноември 2020 година се одбележува светската недела на свесност за антимикробна отпорност (World Antimicrobial Awareness Week).
По првичниот сомнеж на трети февруари, ветеринарните власти на соседна Грција, на петти овој месец официјално го потврдија првиот случај на заболена свиња од болеста Африканска свинска чума во селско домаќинство со 32 свињи.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство во соработка и со поддршка од Светската Здравствена Организација (СЗО) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), од 11-13 Септември 2019 година во Скопје, одржува работилници за унапредување и засилување на приодот „Единствено здравство“ за управување со заразните болести на животните и хуманата популација - зоонозите.
Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилија
Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста Чума кај мали преживари, која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а во земјите од регионот присутна е и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари во Република Северна Македонија од Република Бугарија како и мерки за брза реакција и успешно справување при евентуална појава на болеста и кај нас.