Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

По трет пат доделен меѓународен ИСО сертификат за управување со квалитет во АХВ

20.03.2024
По трет пат доделен меѓународен ИСО сертификат за управување со квалитет во АХВ

Сертификациското тело Quality Austria по трет пат и го додели меѓународниот сертификат за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство за воспоставениот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот ИСО 9001 : 2015. Сертификатот на АХВ и е доделен по дадените позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело Quality Austria за квалитетот на услугите што ги нуди Агенцијата.

Претставници на MQS, на 23 февруари дадоа предлог за продолжување на три години на сертификатот за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство откако ја проверија функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса. 

Според директорот на АХВ Николче Бабовски, меѓународниот сертификат за управување со квалитет е од големо значење за Агенцијата особено во пресрет на почетокот на претпристапните преговори за влез во ЕУ.

-Овој сертификат е заслуга на сите вработени во Агенцијата, кои преку секојдневната работа и квалитетот на услугите што ги нудат докажуваат дека воспоставениот Систем за квалитет е на многу висока ниво во АХВ
– изјави Бабовски.

Претставници на MQS, на 22 и 23 февруари спроведоа аудит на сите барања на стандардот ИСО 9001 : 2015, почнувајќи од системските  процеси  на преиспитување на врвното раководство, контекстот на Агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни, оперативните ризици во процесите преку FMEA методологија, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка и дефинирани неусогласености, анализа на задоволство на корисниците на услуги,  како и мерките за континуирано подобрување.

Оперативните процеси беа разгледувани преку преглед на дефинираните и реализираните цели за квалитет, преку приказ на реални и мерливи индикатори и следење на трендот на резултатите по години.

Агенцијата ќе продолжи и понатаму да работи на целокупно одржување и подобрување на Системот за квалитет со максимална заложба на сите вработени, во насока на исполнување на барањата и очекувањата на корисниците на нејзините услуги.

 

Ознаки
Категорија