Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека  се отповикува следниот производ: Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5  и 0,33 литри
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски се обрати пред учениците на панел дискусијата која ја организира АХВ како дел од годинашните активности кои од 18 до 24 ноември ќе се реализираат во рамки на Светската недела за свеста за антибиотиците
Агенцијата за храна и ветеринарство одговори на барањето на стручните служби од Одделението за јавни дејности при Општина Виница за одржување на интерактивна работилница на тема “Безбедна и квалитетна храна за најмалите”.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од  18 до 24 ноември се приклучува

Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известув

ЕФСА и нејзините сестрински агенции  (European Centre for Disease Prevention and Control (ECDC), the European Chemicals Agency (ECHA), the European Environment Agency (EEA), and the European Medicines Agency (EMA)) кои обезбедуваат научни совети за животната средина, јавното здравје и безбедноста на храната објавија заедничка изјава за да ја изразат својата заедничка посветеност да ја поддржат агендата „Едно здравје“ во Европа.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо извест

Царува ли црн пазар на пестициди во Македонија кои се користат во земјоделието, а се забранети за употреба?