![Одржана работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали и производи](/sites/default/files/styles/large/public/2020-02/200211-taiex-0.jpg?itok=f3xPX7ew)
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 11-12 февруари 2020 година во Скопје се одржа Работилница за Процедури и барања за означување на рециклирани пластични материјали и производи со која претседаваше д-р Оливер Миланов, а како експерти од ЕУ учествуваа Г-ѓа Milada Syčová од Словачка и Г-ѓа Мaria Rosaria MILANA од Италија.
![taiex 1](/sites/default/files/inline-images/200211-taiex-1.jpg)
Целта на оваа работилница е да обезбеди стручна помош во однос на процесот на одобрување на процесите на рециклирање како и официјалните контроли според ЕУ легислативата во однос на рециклирана пластика, како и подобро разбирање на одредбите од Правилникот за рециклирани пластични материјали и производи кои што доаѓаат во контакт со храната.
![taiex 2](/sites/default/files/inline-images/200211-taiex-2.jpg)
Работилницата има за цел успешно да се пренесе знаење и да се разменат искуства во примената на следната регулатива во земјите-членки на ЕУ:
- Регулатива (ЕК) бр. 282/2008 за Рециклирани пластични материјали и производи наменети да дојдат во контакт со храната.