Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните
Целта на оваа проектна активност е да придонесе за подготвеноста на АХВ за справување со итни случаи при појава на особено опасни заразни болести кои ја загрозуваат сточарската индустрија и се потенцијална опасност за здравјето на луѓето.
Исто така Европската легислатива за здравствена заштита на животните наложува задолжително редовно спроведување на симулациски вежби како основна алатка за подготвеност за итни случаи која ќе овозможи
високо ниво на свесност и подготвеност за борба со болестите, способност за започнување на брз одговор доколку се појават и потврдување на функционалноста на донесените планови за итни мерки.