Спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните во фокусот на разговорите
Oвозможување на поквалитетни и навремени услуги од страна на ветеринарните друштва кон одгледувачите на добиток и сопствениците на домашни миленици во рамки на реализирањето на активностите согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните и , унапредување на соработката и размена на информации меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Ветеринарната комора, се дел од темите на кои денес разговараа директорот на АХВ Оливер Миланов, со претставници од Ветеринарната комора, предводени од претседателот Жарко Михајловски и извршниот директор Томислав Николовски.