Имплементатори

European Application of Technologies and Services (AETS)

European Application of Technologies and Services (AETS) е меѓународна, мултидисциплинарна консултантска фирма, специјализирана за спроведување на јавни политики и развојна соработка. Нуди одржливи решенија насочени кон подобрување на условите за живот во Европа, како и во земјите во развој. Основана во 1996 година како подружница на групацијата APAVE, AETS обезбедува консултантски услуги за институции (Европска комисија, Француска агенција за развој, Светска банка) но и за приватни клиенти.

 

 

Expertise Advisors (EA)

Expertise Advisors (EA) е мултидисциплинарна консултантска куќа со седиште во Париз, оснвана во 2010 година, чија главна цел е да придонесе за развојот на земјите во развој преку менаџирање на меѓусекторски прашања. 
Со четири главни активности: животна средина, енергија, трговија и приватен сектор и правда и добро владеење, компанијата е активна ширум светот со посебен фокус на Субсахарска Африка, Балканските земји, членките на Комонвелтот на независни држави и Блискиот Исток, како и други региони.

 

 

CAPA EEIG (CARDNO & PARTICIP)

CAPA EEIG (CARDNO & PARTICIP) го води конзорциумот CAPA за Рамковниот договор: Услуги за спроведување на надворешна помош (SIEA) ЛОТ 1 - Одржливо управување со природните ресурси и отпорност.