Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Отповикување на небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ , нето количина 1 кг

18.11.2022
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ - БАЛAНС +ферментиран млечен производ , нето количина 1 кг, поради испратена количина на производ која не е наменета за македонскиот пазар и е со неусогласена концентрација  на афлатоксини според македонските прописи и е потенцијален ризик по здравјето  на луѓето.

 

 

Сериски број/лот: 28.11.22

Рок на употреба: 28.11.2022

Причина за отповикување: испратена количина на производ која не е наменета за македонскиот пазар и е со неусогласена концентрација  на афлатоксини според македонските прописи.

Производство: AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.

Увозник:  Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија. 

Дистрибутер: Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија.


Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.
 

Ознаки
Категорија